Се јави мајката на Дончиќ: Злобни луѓе сакаат да го користат мојот син!

Откако светот го опркужи веста дека Лука Дончиќ ќе ја тужи својата мајка, за правата за брендот „Лука Дончиќ 7“, се јави и таа самата со кратка изјава, која ја пренесе „Н1 Словенија“.

Мирјам Потербин имаше по малку дипломатска реакција, не давајќи директен одговор за тужбата од нејзиниот син или, пак, за самиот спор околу брендот, туку покажа со прст кон луѓето кои го натерале Лука на ваков потег.

„Заканата на луѓето кои сакаат да го искористат мојот син и пишувањето вакви текстови е во најлошо можно време за Лука и тие нема да ме поколебаат. Секогаш ќе го штитам својот син и никогаш нема да отстапам од тоа. Се што е напишано во медиумите доаѓа од луѓето кои го опкружуваат Лука во последните две години и сакаат потполна контрола над неговиот живот и кариера. Не сакам да изнесувам 'валкан веш' во јавноста, особено во време кога Лука треба да се собере и да се фокусира на важни натпревари, кои се пред него.“, изјавила Потербин.

Причината за несогласувањата меѓу мајката и синот датираат од сезоната 2018/19 сезона, кога тој ѝ предал согласност да го регистрира неговото полно и да го создадат брендот „Лука Дончиќ 7“. Подоцна се пишманил за овој потег и во неколку наврата се обидел да ја поништи таа негова согласност, но не успеал. Во јули годинава дал и писмена изјава дека сака да ја поништи согласноста.