Регионот добива нова ѕвезда: Филип Петрушев се пријави за драфтот во НБА!

Доскорешниот кошаркар на американскиот универзитет Гонзага, Филип Петрушев, реши да се пријави за учество на претстојниот драфт во НБА, на кој ќе се обиде да дојде до договор со некоја од екипите кои настапува во најсилната лига на светот.

Станува збор за 19-годишен јуниорски репрезентативец на Србија, кој е роден во Белград и кој, според името и презимето, дефинитивно влече корени од нашата држава. Има настапувано за младинските тимови на Црвена звезда и Партизан, а на 14 години потпиша за шпанска Басконија, по што, две години подоцна, се пресели во САД. Таму смени две средни училишта, па во 2017 година потпиша за Гонзага. Зад Петрушев се две одлични сезони во овој престижен универзитет од каде што има излезе кошаркар како Џон Стоктон.

Македонија досега немала свој претставник на НБА-драфтот, на кој за малку ќе завршеа Владо Илиевски и Предраг Самарџиски, кои во последен момент решија да се повлечат. Перо Антиќ засега е единствен македонски кошаркар кој играл на најблескавата сцена, но тој директно потпиша со Атланта хокс без претходно да биде избран на драфтот.

Петрушев и само еден од плејадата српски таленти кои најавија пријавување на најголемиот светски пазар, меѓу кои се дури тројца од таборот на Мега Бемакс (Никола Мишковиќ, Далибор Илиќ и Анрија Марјановиќ), Бориша Симаниќ од Црвена звезда и Зоран Пауновиќ од ФМП.