Раѓа со солзи се збогува со цимерот: Беше зае*ант цело време освен на - теренот!

Легендарниот Дино Раѓа емотивно и со срцепарателна порака се збогува со својот поранешен соиграч, Зоран Сретеновиќ, кој вчера почина од срцев удар на 57-годишна возраст.

Феноменалниот плејмејкер беше дел од Југопластика во периодот од 1986 до 1991 година, со која освои три титули европски шампион. Таму беше цимер со Раѓа, кој го памети како најголем зае*ант во тимот.

„Последните шест месеци станаа такви да ми е страв да се јавам на телефон. Колку добри луѓе и пријатели предвреме си заминаа. Срето ми беше како брат. Во тоа време бевме цимери и најмногу време поминувавме заедно. Беше човек, зае*ант од глава до петици, постојано освен кога беше на терен. Имаше компјутер во главата, знаеше се што треба да направи, пред сите други. Беше вистински плејмејкер, кој ги држеше конците на моќна екипа со мадиња големи колку диња. Нека ти е лесна земјата, другар мој“, напиша Раѓа.

Дино со Сретеновиќ играше четири сезони, а дел од овој легендарен состав беше и нашиот Петар Наумоски, кој се бореше за минутажа токму со починатата легенда.