Работнички лесно преслушан во скопското деби во АБА2 (ФОТО)
Црногорскиот прволигаш Сутјеска, кој е предводен од поранешниот македонски селектор Драган Бајиќ, ја доби првата четвртина со 22-16, додека до крајот на првото полувреме продолжи да ја зголемува предност до 37-21.
Работнички не го пронајде вистинскиот ритам ниту по паузата меѓу двете полувремиња, додека Сутјеска го полнеше кошот на македонскиот тим. Гостинскиот тим во последните 10 минути од мечот се опушти, а тоа Работнички го искористи за да намали на 58-71.
Најефикасен во победничкиот тим беше Вебстер со 15 поени, три скокови и четири асистенции, додека Робев постигна 13 поени, шест скокови и два скокови за Работнички.