Постигната првата четворка во историјата на кошарката (ВИДЕО)

Кошаркарот Крис Банкеро во натпревар на Филипините ја постигна првата четворка во овој спорт.

На Филипините започна експеримент со воведување на шут за четири поени и тоа е експеримент кој будно го следи и ФИБА. Линијата која сега е на 6.75 е поместена на 8.20 и погодениот шут носи четири поени.

Останува во иднина да се види дали ова правило би можело да биде прифатено и од остатокот од светот.