Поранешен центар на Соколи пијан направил хаос на базен во Белград!

Поранешниот кошаркар на Капош Соколи, Драган Лабовиќ, е приведен вчера под сомнение дека на еден базен во Белград, пијан направил голем хаос!

Како што открива српски „Курир“, Лабовиќ, кој со „соколите“ испиша историја освојувајќи го трофејот во Купот на Македонија пред три сезони, по неколку испиени пива започнал да ги крши флашите, да пцуе и да ги навредува луѓето кои биле околу него.

Инцидентот се случи околу 18 часот, а полицијата повика едно од лицата кои беа навредувани, изјавил еден од присутните кои биле на местото на настанот.  

Лабовиќ наводно навредувал некое младо момче на кое му се заканувал дека ќе му ја запали куќата.

Ќе ти ја е*ам мајката, ќе ти запалам се што имаш, пи*ко една мала, пуши к*р, викал кошаркарот, поради што младото момче веднаш повикало полиција, а потоа кошаркарот бил уапсен.