Поранешниот европски првак повторно пред колапс - остана со само тројца сениори

Години наназад, најтрофејниот хрватски клуб Цибона се мачи со финансиски проблеми поради што на крајот од секоја сезона се најавува најцрно сценарио.

И сега не е ништо поинаку иако сезоната не е завршена. Цибона во своите редови има само петмина сениорски кошаркари, но поради повреди, вечерва против Задар нема да играат Радовчиќ и Бундовиќ, па во комбинација ќе останат Аранитовиќ, Перасовиќ и Мајцуниќ. Остатокот од екипата ќе го сочинуваат голобради момчиња од школата кои треба да ја спасуваат Цибона од пропаст.

И покрај големите проблеми, загрепскиот тим се наоѓа на третото место во домашното првенство, зад Задар и Сплит.