„Подобро да нè прегази Мерцедес, отколку - фиќо!“

Кошаркарките на Србија беа декласирани од САД со 55-88 во четвртфиналето и така го завршија настапот на Светското првенстов (СП) во Австралија.

Интересен коментар по поразот од Американките имаше селекторката Марина Маљковиќ, која кажа дека е задоволна од кошаркарките без разлика на поразот.

„Ако некој мораше да нè прегази, тогаш подобро е тоа да е Мерцедес, отколку - фиќо. Се шегувам, но така е, дефинитивно ова мораше да биде последен тест и ново искуство за дамите. И повторно да играме против САД не знам дали би можеле да победиме, но сигурно може да играме поквалитетно од овој дуел“, кажа Маљковиќ.