Петровиќ прво го „утепа“ од критикување, па му ја украде функцијата на Дино Раѓа!

Поранешниот репрезентативец селектор на хрватската репрезентација, Александар Петровиќ, е избран за нов директор на Хрватска кошаркарски сојуз (ХКС), каде што доаѓа на местото на Дино Раѓа, кој најчесто му беше цел на критиките кои изобилуваа во изминативе години.

„Коцкестите“ летово спаднаа на најниски гранки да играат во претквалификациите за ЕП 2025 заедно со селекции како Македонија, а на континенталниот собир што неодамна заврши испаднаа уште во осминафиналето од Финска.

„По одлуката за распуштање на Стручниот совет за машка кошарка (на чие чело беше Раѓа-н.з.), се отвори потреба за пополнување на празнината во делот за управување со стручната работа во ХКС. Со оглед на средбите кои набрзо не очекуваа на патот кон ЕП 2025, одлучено е Стручниот совет да се замени со спортски директор, позиција пополнета од Александар Петровиќ“, велат од ХКС.

Легендарниот тројкаш на Цибона и брат на Дражен Петровиќ во минатото во три наврати беше селектор на Хрватска.