Пет од пет за тројка: Поранешен кошаркар на Куманово го уништи Партизан! (ВИДЕО)

Фантастичен меч со драматичен финиш одиграа кошаркарите на Морнар и на Партизан (97-94) во АБА-лигата, во кој најзаслужен за триумфот на домашниот тим беше поранешниот играч на Куманово, Немања Врањеш.

Српскиот интернационалец во тимот од Бар блескаше во ударите за тројка, постигна пет тројки од исто толку обиди и тоа две во последните неколку минути кога се решаваше прашањет околу победникот. Врањеш, кој средбата ја заврши со 26 поени, воедно беше беспрекорен и од линијата за слободни фрлања (11/12) со шест погодени удари во пенал-завршницата во последните триесетина секунди.

 

 

Јунакот на Морнар во дресот на кумановци настапуваше во сезоната 2013/14, а потоа беше дел од екипите на Сутјеска и на Будуќност. Ова е негова втора сезона во дресот на тимот од Бар.