
Пелистер го прегази Спарс во Бања Лука
Битолскиот тим играше одлично од самиот почеток на натпреварот, а на полувреме замина со 51-38, по што продолжи да ја зголемува предноста во вториот дел.
Пелистер го наполни кошот на Спарс и во последните 10 минути влезе со 77-56, по што без мака запиша убедлива победа од 99-71.
Најефикасен во победничкиот тим беше Карпентер со 23 поени, додека Караџовски постигна еден поен помалку, додека на спротивната страна Мајсторовиќ запиша 16 поени.