Партизан влезе во историјата – Евролигата никогаш досега не видела повеќе навивачи!

Екипата на Партизан го заврши настапот сезонава во Евролигата, но за спектаклите во Белград се уште се пишува во Европа, со оглед на срушениот рекорд за просечна посетеност на навивачите на натпревари од регуларниот дел.

Црно-белите просечно го гледале 19.916 навивачи по натпревар, што е највисок просек досега во најсилното клупско европско натпреварување.

„Највисока просечна посета во Евролигата. Во сезоната во која Партизан не успеа да стигне до плеј-офот или плеј-инот, се покажа дека навивачите на Партизан го сакаат клубот без разлика на резултатите“, се вели во соопштението на Евролигата.

Белграѓани втора сезона по ред беше најгледаниот клуб во Евролигата, но за разлика од минатата сезона овој пат ско скор 16-18 регуларниот дел го заврши на 11. место. Црно-белите беа најголемото изненадување на Евролигата минатата сезона, беа на неколку минути до фајналфорот, но на крајот Реал Мадрид се попречи и со 3-2 во серијата продолжи.