Партизан го „скрши“ Будуќност - сега го чека војната со Ц. Звезда!

Со одлична игра во второто полувреме Партизан го победи Будуќност со убедливи 100-86 и ја доби полуфиналната серија со 2-1, во финалето од АБА лигата црно-белите ќе играат против вечниот ривал Црвена звезда.

Партизан ја искористи предноста на домашен терен и ја доби мајсторката против Будуќност, црногорскиот тим имаше одлично прво полувреме, но падна во вториот дел.

По првите 20 минути Будуќност имаше водство од 54-48, но работите се променија по одморот. Партизан заигра многу подобро, брзо го врати водството, а на крајот славеше и убедлива победа од 14 поени разлика, конечниот резултат беше 100-86.

Најдобар во составот на Партизан беше Аврамовиќ со 20 поени, по 19 постигнаа Нанали и Пантер, кај Будуќност најефикасен беше Ферел со 18 поени.

Партизан во финалето ќе игра против Црвена звезда која во два меча го доби тимот на Мега Баскет.