Олимпијакос не дојде на мегдан со Панатинаикос: Атињаните провоцираа со кокошка (ФОТО)

Денеска требаше да се одигра првиот натпревар помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос во рамки на грчкиот кошаркарски шампионат, но гостите не се појавија. 

Постојат големи тензии против двата грчки гиганти, па тимот од Пиреја реши да не гостува во Атина. „Зелените“ се поделија меѓусебе и одиграа тренинг натпревар, но не заборавија да упатат и провокација до Олимпијакос.

На клупата каде што требаше да седата „црвено-белите“, домаќините оставија живо месо од кокошка.