Од Партизан во ЦСКА: Аврамовиќ се сели во Русија

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ денеска официјално се раздели со Партизан и во новата сезона ќе биде член на ЦСКА.

Искусниот плејмејкер потпишал договор на две сезони, а тој ќе стапи на сила веднаш штом пристигне во Москва и ги помине лекарските прегледи. Во Русија заминува по три години поминати во тимот на Партизан со кој освои една титула во АБА лигата.

„Среќен сум што се селам во ЦСКА и што ќе играм во клуб со богата историја. Едвај чекам да почне сезоната“, изјави Аврамовиќ.

Русија ќе биде нова станица во неговата кариера откако пред да дојде во Партизан настапуваше во Италија и Шпанија.