Обрадовиќ не се налути поради навредите од навивачите - бил навикнат!

Партизан загуби од Црвена Звезда со 82-85 во првиот меч од финалната серија во АБА-лигата, а тренерот Жељко Обрадовиќ доби навреди од навивачите.

Обрадовиќ кажа дека бил задоволен од неговите кошаркари, а даде краток коментар и за атмосферата во салата, откако новинарите го прашаа дали се налутил поради навредите од трибините.

„Немам што да кажам. Навикнат сум на навредите. Мора да се фокусираме на нашата игра. Прекрасно е кога играте пред толку многу навивачи“, кажа Обрадовиќ.

Вториот меч од финалната серија меѓу Партизан и Ц. Звезда се игра утре од 19.30 часот.