Не е априлилили: Жељко Обрадовиќ до пензија ќе седи на клупата на Партизан!

Жељко Обрадовиќ останува во Партизан, а како што потврди за српските медиуми потрврдил претседателот на црно-белите, Остоја Мијаиловиќ, договорот веќе е во завршна фаза.

Неофицијално, на најтрофејниот европски тренер му бил понуден тригодишен договор, иако тој бил спремен да потпише верност на својот клуб дури и за следните пет години. Но, Мијаиловиќ нема толку долг мандат, поради што на маса останала опцијата за нов тригодишен договор, со можност да се вметне опцијата „плус два“. Ова би значело дека популарниот Жоц ќе остане на клупата на Партизан најмалку до летото 2027 година, што ќе овозможи нов период на стабилност, барем што се однесува до стручниот штаб.

„Нема што да објаснувам, мојата најголема желба е да останам, јас сум најсреќниот човек тука. Поминав низ многу, доживеав добри работи од Партизан, Хувентуд, Реал, преку Тревизо, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче. Работев секаде со голема желба, имавме резултати и публика, но оваа лојалност е неверојатна. Можам само да ѝ се заблагодарам на публиката за се што секогаш прави за нас“, изјави неодамна легенданриот тренер.

Тој потоа дополни во ист стил.

„Што се однесува до мене, ќе направам се за да останам во Партизан се додека имам желба да го правам ова. Не е сè идеално тука, но каде е? Сите се стремиме кон совршенство, кон некое лично Елдорадо. Не сум сигурен дека постои. Живееш како живееш и се бориш. Се надевам дека сите заедно ќе се справиме со проблемите и ќе продолжиме на најдобар начин да се претставуваме во Евролигата“, дополни популарниот Жоц.

Сето ова покажува дека Обрадовиќ има желба да ја заврши тренерската кариера во клубот каде што ја започна. На крајот на следниот мандат во Партизан тој ќе има 67 години, во тренерската кариера има направено се, а единствено што му преостанува е да го заокружи бројот на европските шампионски титули на 10. А, зарем би имало нешто повеќе поетично во фактот да успее во тоа со првиот тим со кој се искачи на европскиот трон – Партизан.