
Најдобриот во АБА: Само Господ знае зошто не дојдов во Партизан, а бев толку близу!
Хрватскиот кошаркар со ова само ја потврди индивидуалната доминација во регионалното натпреварување, во кое беше прогласен за МВП играч на минатата сезона. Соиграчот на Адем Мекиќ во тимот на Задар откри дека дури по средбата му кажале дека остварил фантастичен учинок.
„Славевме во соблекувалната, а соиграч дури по 15 минути ми откри дека имам трипл-дабл. Немав поим. Секако дека сум среќен поради тоа. Верувајте, не бркав такво нешто, само ја 'читав' играта и одев од ситуација во ситуација. Кога бев удвоен барав слободен соиграч, кога останував еден на еден, гледав да постигнам кош и тоа беше тоа. Тоа не ми е прв трипл-дабл во кариерата. Веќе успеав во хрватската лига, но ќе се согласите - дека АБА лигата е сосема друго ниво“, објасни Божиќ.
Фантастичниот кошаркар минатото лето беше поврзуван со трансфер во Партизан, кој, сепак, не се оствари.
„Точно е дека имаше контакт со Партизан. Разговарав со тренерот Жељко Обрадовиќ, кој ми се јави. Бевме некако блиску до договор, не би навлегувал во детали. Бев блиску, не се случи и тоа е тоа. Господ најдобро знае зошто тоа не се случи“, дополни соиграчот на Мекиќ.
Божиќ и во моментов е кошаркар број еден во АБА и тоа како прв стрелец во моментов со просек од 25 поени, како кошаркар со најмногу индексни поени, но и како трет скокач и шести асистент во лигата.