МЗТ промовира нов бисер: Малолетниот Иванов првпат погоди во АБА2 (ВИДЕО)

МЗТ Скопје продолжува со традицијата на промовирање талентирани кошаркари во регионалниоте натпреварувања, откако денеска, во победата над Златибор (90-71), беше промовиран и 17-годишниот Димитар Иванов.

Тој втора сезона по ред е дел од сениорскиот тим на „металците“ и веќе има одредено искуство во настапите во домашната Прва лига, но тој на денешниот натпревар ги постигна првите поени на регионална сцена. Тренерот Дарко Радуловиќ го искористи убедливото водство и на речиси три минути до крајот реши да го стави Иванов во игра.

Голобрадото момче средбата ја заврши со два поени и еден скок, по по завршувањето беше бурно поздравено од неговите далеку повозрасни соиграчи.