Муринен слета во Белград: Мој сон од дете беше да играм во Србија!

Талентираниот кошаркар од Финска, Мика Муринен слета во Белград каде што потпиша договор со српскиот гигант Партизан.

По доаѓањето на аеродромот „Никола Тесла“, финскиот кошаркар кажа дека уште од дете сонувал да игра во Србија.

„Ова ми беше сон од дете. Од својата петта година сакав да играм во Србија или во Евролигата, па така чувството е неверојатно“, кажа 18-годишниот Муринен.

Муринен вели дека ги следел настапите на гигантите од Белград.

„Ги следев Ц. Звезда и Партизан, гледав некои натпревари. Мислам дека тука владее одлична кошаркарска култура и навистина ми се допаѓа“, вели

Фото: Partizan KK