Марјановиќ ги загуби нервите и сакаше да се тепа со навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Крка и Илирија во полуфиналето на словенечкото првенство го одбележа инцидент, кога џинот Бобан Марјановиќ ги загуби нервите во последната четвртина и тргна да се тепа со навивачите.

Српскиот центар се изнервира по дуелот на Блаж Махковиќ, а потоа намерно го турна ривалот, по што судиите досудија неспортски прекршок.

Марјановиќ не запре по инцидентот и ја продолжи вербалната пресметка со противникот, а по напуштањето на теренот се скара и со навивачите, при што мораше да интервенира спортскиот директор на Илирија, Саша Дончиќ кој го смируваше српскиот џин.