Крка му пресуди на ТФТ, прв пораз и за Пелистер во АБА2-лигата

Македонскиот тим Пелистер го запиша првиот пораз во АБА2-лигата, откако загуби на гостувањето кај Широки бријег со 73-83, додека ТФТ Скопје беше поразен и по четврти пат во натпреварувањето, и тоа овој пат од Крка со 83-93.

Битолскиот клуб ја доби првата четвртина со 25-22, по што го испушти водството во продолжение, откако во поголем дел од времето водеше Широки бријег (38-36), меѓутоа Пелистер со даве одлични акции стигна до 40-38 на паузата.

Пелистер поведе и со пет поени на почетокот на второто полувреме, но потоа влезе во криза која знаеше како да ја искористи Крка, која набрзо ја презема предноста и водеше со 60-52. Битолскиот тим успеа само за момент да спушти на три поени негатива (62-65), но сепак Широки бријег не го испушти водството и славеше со 83-73.

Најдобар во победничкиот тим беше Брзоја со 27 поени, додека кај Пелистер блесна Хаџифејзовиќ со 20 поени.

ТФТ Скопје имаше добар старт и водство од 21-18 по првите 10 минути од натпреварот, но потоа Крка влезе во серија од 18-0, по што стана јасно дека македонскиот тим тешко ќе се врати во натпреварот. Домаќинот успешно го бранеше водството и на крајот славеше со 93-83.

Најефикасен во тимот на Крка беше Спан со 13 поени, три скокови и една асистенција, додека Андерсон постигна 20 поени и шест скокови за ТФТ.