Напад врз Јокиќ: Јелена играше за Србија три месеци по породување, а ти си уморен?

Србија важеше за голем фаворит против Италија во финалето на квалификацискиот турнир за олимписка виза во Токио, но гостите направија сензација во Белград и го елиминираа нашиот северен сосед, а денеска почнаа критиките за Никола Јокиќ, кој не можеше да им помогне на сонародниците затоа што бил уморен од сезоната во НБА-лигата.

Српските навивачи се прашуваат како Јокиќ не можел да игра за репрезентацијата, иако капитенот на женската кошаркарска репрезентација на Србија, Јелена Брукс заиграла за својата селекција, иако три месеци претходно се породи.

„За жал, ова е момент кога морам да соопштам дека и покрај желбата, не можам да настапам за Србија. Тоа е став и предлог на тимот кој морам да го прифатам“, кажа Јокиќ пред речиси еден месец.

Инаку, Јелена заигра за српската репрезентација на Европското првенство во 2019 година, и тоа само три месеци по породувањето.