Кочијашки тајм-аут во АБА: Ме е*еш како коњ, да ти е*ам глупавиот (ВИДЕО)
Вообичаено смирен, хрватскиот стратег буквално пукна на еден од тајмаутите на оваа средба, кога жестоко и во кочијашки стил го пцуеше својот крилен центар, Амар Алибеговиќ.
„Дали може да ми објасниш зошто ме е*еш? Како коњ ме е*еш. Влегуваш внатре, шутнеш преку рака, а имаше слободен човек до тебе. Да ти е*ам глупавиот“, врескаше Големац.
Ова беше четврти пораз за Цедевита Олимпија сезонава во регионалното натпреварување, со што и дефинитивно ги загуби шансите да се вмеша во борбата за едно од првите две места, на кои се белградските вечни ривали, Црвена Звезда и Партизан. Составот од Љубљана предводен од Големац следната сабота ќе гостува во „Јане Сандански“, каде што го очекува пресметка со нашиот МЗТ Скопје.