И Звезда го потврди доаѓањето на Антиќ! (ФОТО)

Црвена звезда не додржа и срамежливо го најави враќањето на Перо Антиќ во црвено-белиот дрес, по пауза од 10 години.

Откако по српските портали во последниве денови струеше информацијата дека Звезда и Антиќ имале конкретна комуникација, денеска „Моцарт спорт“ објави дека трансферот е завршена работа, а, речиси, истовремено на социјалните мрежи се пофали и самиот клуб.

На Фејсбук и на Твитер, на профилот СД Црвена Звезда, објавија фотографија со Перо Антиќ и Марко Кесељ, некогашните соиграчи од Олимпијакос, со коментар „Црвено-бело, да потсеќа на радост! Звездо згази ги сите!“

И Кесељ, ова лето се врати во Звезда, од редовите на Остенде, па објавувањето фотографија со Антиќ недвосмислено кажува дека Звезда го потврдува својот нов тандем. Антиќ играше во Црвена звезда од 2005 до 2007 година.