Епска драма во Белград: Партизан со тројка во последната секунда ја среди Цедевита Олимпија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Цедевита Олимпија на домашен терен со 96-95 (23-25, 32-22, 26-22, 15-26), во рамки на 15-то коло од АБА-лигата.

„Црно - белите“ до триумфот дојдоа на неверојатен начин, откако во последната секунда, при водство на Цедевита од 95:93, Огњен Јарамаз, од речиси осум метри шутираше и погоди тројка со помош на таблата.

Токму тој беше и најефикасен во победничкиот тим со 16 поени и шест асистенции.  

Инаку, ова е 12. победа за Партизан во регионалното натпреварување со која изби на првото место на табелата, пред Будуќност кој има скор од 11-4 и Цедевита Олимпија со 10-5.