Дивац исвиркан на спектаклот во Загреб – реагираше и братот на Дражен (ВИДЕО)
Додека неговите сонародници Жељко Обрадовиќ и Бобан Марјановиќ со ентузијазам беа прифатени од хрватската публика, поранешниот центар на Партизан и на ЛА Лејкерс не беше добро прифатен, па на претставување доби свирежи од трибините. На тоа веднаш реагираше Александар Петровиќ, братот на починатиот Дражен, кој заедно со нивната мајка Бисерка бешеорганизатор овој настан. Тој стана од столот, дојде на теренот и побара од присутните да престане да свирка.
Дел од хрватската публика не го сака Дивац бидејќи на Светското првенство во Аргентина во 1990 година, за време на прославата на играчите и навивачите на тогашна СФР Југославија на паркетот за освојувањето на златниот медал, тој го зеде знамето од навивачот кој истрча на теренот со хрватското знаме и го фрли на страна. Тој потег легендарниот српски кошаркар го објасни во документарниот филм „Еднаш браќа“, каде што зборуваше за врската со Дражен.
„Во Хрватска се вели дека сум згазнал врз хрватското знаме, а тоа не е точно. Во Аргентина за време на тој Мундијал имаше многу од тие знамиња наоколу. Но, тоа не беше хрватско знаме, туку усташко знаме. Не требаше да заврши на теренот, го следев тоа момче кое се спушташе по трибините и му реков дека знамето нема место на теренот, па го грабнав знамето и го фрлив на подот“, изјави Дивац во 2010 година.