„Цибона за 800.000 евра ѝ го продаде местото во Евролига на Ц. Звезда“

Најголемото изненадување во историјата на АБА-лигата го направи Цибона во 2014 година, која на Ф4-турнирот во Белград пристигна како аутсајдер, а во полуфиналето славеше против Црвена Звезда, по што во финалето беше подобра од Цедевита.

Поранешниот кошаркар на Цибона, Фрањо Араповиќ тврди дека екипата ѝ го продала местото во Евролигата на Ц. Звезда за 800.000 евра.

„Цибона го продаде местото во Евролигата на Ц. Звезда. Претседателот на Ц. Звезда, Небојша Човиќ доби прашање од новинарка дека добиле информација за тоа дека екипата платила 800.000 евра за да го купат местото од Цибона, а тој вели дека тоа е помалку од 1,2 милиони колку што барала УЛЕБ. И што сега? Никој не беше загрижен и за Цедевита. Тие се среќни, но зошто никој не праша ништо? Не знам дали се сеќавате, но градското Собрание изгласа буџет за настап на Цибона во Евролигата. Ќе има пари ако се игра Евролига. Седум дена подоцна, Ц. Звезда доби шанса да игра наместо Цибона“, кажа Араповиќ.