Часови на љубов: Партизан го среди европскиот првак на збогувањето со капитенот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан го совладаа актуелниот европски шампион Анадолу Ефес (92-85), во пријателскиот меч во Белград на кој со кошарката се збогува легендарниот капитен на оваа екипа, Новица Величковиќ.

Резултатот, секако, беше во втор план, но победата на црно-белите е знак дека тренерот Жељко Обрадовиќ е на добар пат да направи одличен тим со кој ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Црвена звезда во регионот и во Србија. Величковиќ ги одигра последните две минути од првото полувреме, по што го зеде микрофонот и со солзи во очите се збогува не само со навивачите туку и со својот поранешен тренер, Душан Ивковиќ, кој почина утринава.

„За жал, денеска си замина нашиот Дуда. Му благодарам на сѐ што направи за кошарката и за мене лично, за секој совет што ми го даде. Му благодарам и на Партизан за љубовта што ми го подари, а на Жељко му посакувам успешна сезона и многу победи. Ѝ благодарам на Гробари за поддршката што ми ја даваа, знам дека и во иднина ќе ги бодрат овие момци кои сега гинат во црно-белиот дрес“, емотивно изјави Величковиќ.

Тој во дресот на Партизан одигра 509 средби и освои 13 трофеи за десет сезони.