Ц. Звезда ангажира мега-засилување пред неделниот дуелот со МЗТ!

Поранешниот српскиот репрезентативец, Стефан Јовиќ, е најновото засилување за актуелниот победник во АБА, екипата на Црвена Звезда во пресрет на новата сезона, која за црвено-белите почнува следниот викенд со дуел против нашиот МЗТ Скопје.

Според грчките медиуми, тој ќе потпише договор до крајот на сезоната. Јовиќ веќе го носеше црвено-белиот дрес во периодот од 2014 до 2017 година, по што замина во Баерн Минхен, а потоа настапуваше и за Химки и Панатинаикос. Со репрезентацијата има три сребрени медали и тоа по едно од Олимписки игри, Светски и Европско првенство.

Ц. Звезда ќе му биде домаќин на МЗТ в недела во салата „Пионир“ на стартот од новото првенство од АБА-лигата.