Боксерот ја опиша големата несреќа со кошаркарот на Црвена звезда

Утрово на патот кај Бања Лука се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко е повреден српскиот кошаркар Огнен Кузмиќ.

Кошаркарот на Црвена звезда со своите пријатели се враќал од свадба и со својот автомобил се удрил во друг.

Заедно со него бил и неговиот пријател, а во другиот автомобил бил боксерот Дражен Јањанин, во кој бил совозач.  

Се враќав од Минхен и пријателот дојде со мене. Околу пет часот наутро зад кривината пред нашите очи се појавија светла, а потоа автомобилот со голема брзина се вклучи во нашиот коловоз и удри во левата страна од автомобилот. Мојот пријател успеа некако да се тргне на страна, изјави Јањанин.

За разлика од нив, автомобилот во кој се наоѓал Кузмиќ се истркалал дури 200 метри и застанал на ливада.

Го скршив прозорот, го извлеков пријателот од автомобилот. Отидовме доле до другиот автомобил, а од него се слушаше гласна музика. Пожарникарите дојдоа и ги извлекоа од автомобилот, изјави Дражан Јањанин за порталот на „Српски инфо“.

Боксерот и неговиот пријател минале со полесни повреди, додека Кузмиќ бил веднаш префрлен со хеликоптер во Белград. Има сериозни повреди на градите и главата.