Берон одговори на прашање дали направил чекори и ги изнервира Гробари (ВИДЕО)

Били Берон, кошаркарот на Црвена Звезда го постигна победничкиот кош за титула против Партизан (76-75) во српскиот шампионат, но направи трочекор при последната акција.

Берон направи три чекори, но тоа судиите не го забележаа. Сепак, на новинарите тој дел не им избега, па решија да го прашаат Берон што ќе каже за тоа.

„Уморен сум многу, само сакам да одам дома и да се одморам. Оваа година беше одлична и навистина луда. Во последните два месеци игравме многу тесни натпревари и победивме во нив затоа што го заслужуваме тоа. Во последната акција ја преземав одговорноста и тргнав кон кошот, но не знам колку чекори направив, зашто не броев“, вели Берон.

Видеото погледнете го ТУКА.