Антиќ и Ц.Звезда поразени: Купот за лутиот ривал Партизан

Црвена Звезда загуби од Партизан со 81-75 во кошаркарскиот Куп на Србија, што се одигра во салата „Чаир“ во Ниш.

„Црно-белите“ одиграа фантастично во првата четвртина и направија висока разлика, која на стартот на втората изнесуваше и +20. На полувремето беше 49 - 31 за Партизан, а Црвена Звезда иако притисна во второто полувреме, особено во последниот период, немаше сили за голем пресврт.  

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој се врати од повреда одигра само шест ипол минути и постигна само два поени. За Партизан ова беше 14-ти трофеј во Купот на Србија. 

Вилијамс-Гос беше најефикасен кај Партизан со 23 поени, додека кај Цвезда најмногу се истакнаа Дангубиќ и Бјелица со по 14 поени.