Жешко во Тексас: Вестбрук тргна да го тепа ривалот што му пушти крв од лицето (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс врза две победи во два дена на гости кај Сан Антонио спарс, но за синоќешниот триумф мораше да биде пуштена и крв во револверашната пресметка со скоро 300 поени.

Причина за тоа е инцидентот што се случи пред крајот на третиот период, кога домашниот кошаркар, Зак Колинс ептен групи го фаулира Расел Вестбрук. Тоа беше УФЦ зафат по кој гостинскиот играч остана со раскрвавено лице. Вестбрук збесна поради грубиот старт и веднаш се крена од паркетот и тргна да се тепа со ривалот, но, за среќа, беше спречен од соиграчите, пред се од Леброн Џејмс.

Тој дури тогаш забележа дека има крв на целото лице и дека мора да се избрише, а Колинс за овој груб старт веднаш беше исклучен.