За Леброн Џејмс само еден може да биде МВП, а тоа не е – Србинот Јокиќ!

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и предводник на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, го искажа своето мислење околу тоа кој треба да го добие МВП признанието за туку што завршената регуларна сезона во НБА, со што го навлече гневот на српските спортски вљубеници.

Причина за тоа е фактот што „Кралот“ во ниту една комбинација меѓу најдобрите не го става Никола Јокиќ, кој за најголем број стручњаци беше убедливо најдобар, туку својот глас го даде за сонародникот и репрезентативен колега, Стеф Кари.

„За мене Кари е МВП оваа сезона. Неговата кариера е единствена. Двајцата сме родени во Акрон и имаме шампионска ДНК. Секогаш сум го почитувал тоа што го прави на теренот. Лидер е на Г. Стејт и буквално сам го води напред. Постигна најмногу тројки, си ги урна сопствените рекорди и навистина не знам кој друг би можел да биде МВП“, изјави Леброн.

Џејмс има и себична причина за ваквото игнорирање на Јокиќ и фалење на Кари, а тоа е желбата да го убеди да дојде во таборот на ЛА Лејкерс за следната сезона.