Во НБА владее плејоф-треска, Јокиќ ладен како шприцер: Одам дома, го отворивме базенот

Основниот дел од сезоната во НБА лигата, па оние кои обезбедија пласман во плејофот добија неколку дена да одморат пред главното - борбата за шампионската титула.

Меѓу нив и Никола Јокиќ кој со Денвер го освои второто место и ќе може да се одмори до претстојниот викенд. По напорната сезона во која одигра голем број натпревари, Србинот планира да одмори од кошарката, но неговата изјава по синоќешниот меч до Мемфис ги насмеа сите.

„Да бидам искрен, возбуден сум што одам дома. Го отвориввме базенот пред ден-два и едвај чекам да бидам таму со ќеркичката неколку дена“, изјави Јокиќ.

Денвер уште не го знае ни противникот во првата рунда од плејофот бидејќи мора да ја чека разврската во плејинот. Сепак, јасно е дека на првите два меча од серијата ќе биде домаќин што значи дека Јокиќ во следните десетина дена ќе биде во својот дом во Денвер и ќе може да ужива со семејството.