Вембанјама е чудо - постигна 17 поени за три минути (ВИДЕО)

Иднината во НБА е во рацете на Виктор Вембанјама и во тоа повеќе никој не се сомнева, дури и оние кои лани сметаа дека е неправедно медиумски експониран.

И во текот на неговата дебитантска сезона повеќе пати покажа дека е исклучително талентиран играч со големи квалитети (не само центарски), но синоќа против Денвер и Јокиќ одигра за аналите. Постигна 34 поени, а половина од нив во период од само три минути, кон средината на третата четвртина.

Во тие фантастични три минути, Французинот погоди четири тројки од кои последната беше од околу девет метри, еднаш положи и еднаш постигна кош со фаул.