Уништен најголемиот мурал посветен на Коби Брајант заради порака против коронавирус! (ФОТО)

Неверојатна ситуација ни пристигнува од Лос Анџелес, каде што муралот посветен на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џијана е уништен со порака за коронавирусот.

Контроверзната фотографија кружи на социјалните мрежи, нејзината веродостојност не е 100% докажана, но зад неа стои познатиот кошаркарски портал „Спортандо“.

Голем број луѓе ширум светот беа погодени од веста за трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата која се случи на почетокот од годината во близина на Лос Анџелес.

Уште истиот ден, почнаа да се цртаат фрафити и мурали во чест на Брајант во „Градот на ангелите“, но денешната ситуација ги шокираше сите.

Како што пишува „Спортандо“ еден од најголемите мурали во Лос Анџелес е покриен со црвена боја, а потоа е напишано: „Останете дома, животот е убав“.

Фановите на Коби Брајант и повеќето други луѓе буквално не можат да поверуваат дека ова е направено.