Тренерот на Денвер: Првпат кога ни дојде Јокиќ, со 135 кг....

Никола Јокиќ денеска е во устите на сите што сакаат кошарка, а не можат да стивнат одеците од сите комплименти за него кои беа поделени по победата над ЛА Лејкерс (113-111) за 4-0 во серијата.

Еден од оние кои жестоко го фалеше Јокиќ беше неговиот тренер од Денвер, Мајк Мелоун, барајќи да се почитува неговата величина, која континуирано ја покажува.

„Она што Јокиќ го прави е вистинско. Тој е вистински МВП! Неговите трипл-даблови се вистински. Сите теории и приказни се глупи, понекогаш и чисто од не знаење. Тој остварува трипл-дабл просек во плејофот. Дали сте виделе овде некакво пумпање на статистиките? Покажете му почит“, повика Мелоун по синоќешниот меч, кога на Јокиќ му беше доделено признанието МВП на финалната серија на Западот.

Потоа зборуваше за првиот момент кога го видел Јокиќ, на летната лига во Лас Вегас во 2015 година.

„Првпат кога се појави во Лас Вегас... Дојде со 135 килограми, целосно надвор од форма, но во ред, видовме дека е добар играч. Меѓутоа никој, апсолутно никој не можеше да претпостави дека ќе стане двоен МВП, дека ќе го надмине Вилт Чембрлен. Ако некој тврди поинаку, тогаш лаже“, додаде Мелоун.

Јокиќ две години по ред беше МВП во регуларната сезона од НБА-лигата, а многумина очекуваа да го добие и оваа, трета едноподруго, но доделено му беше на Жоел Ембид.