Тре Јанг ги преслуша Лејкерс, залуден трипл-дабл за Леброн, историја за Богдановиќ (ВИДЕО)
Кај „езерџиите“, Леброн Џејмс повторно покажа зошто е еден од најдобрите во историјата, завршувајќи со трипл-дабл – 39 поени, 10 скокови и 11 асистенции, додека го следеше Ентони Дејвис со 38 поени, но нивниот учинок не беше доволен за победа. Српскиот кошаркар, Богдан Богдановиќ, на оваа средба испиша историја, станувајќи само четврти играч во НБА со 100 натпревари по ред на кои постигнал најмалку една тројка - во ова друштво се уште Стеф Кари, Демиан Лилард и Кајл Корвер.
Во дербито на вечерта, Бостон Селтикс ги совладаа Милвоки Бакс (111-105) во натпревар во кој блескаше Џејсон Тејтум со учинок од 34 поени и 10 скокови, додека Јанис Адетокумбо постигна 30 поени и 11 скокови за гостите.
Резултати од останатите натпревари: Филаделфија – Орландо 102-94, Чикаго – Индијана 123-132, Сан Антонио – Сакраменто 113-140, Голден Стејт – Минесота 90-107, Портланд – Јута 99-141.