ТРАГЕДИЈА: Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа!

Прославениот американски кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа која се случила во Калифорнија, пренесуваат американски медиуми.

Според првичните, неофицијални информации, кои прв ги лиферуваше ТМЗ, американскиот кошаркар, заедно со уште четири лица бил во приватен хеликоптер, кој се урнал во Калабалас, Калифорнија.

Според очевидците, веднаш штом ја допрел земјата, хеликоптерот експлодирал. Информациите се дека нема преживеани.

Веста за смртта на еден од најдобрите кошаркари во историјата се рашири како молња. Светот е во шок, а веќе низа спортисти почнаа да се простуваат од Коби...