Томпсон со скинати лигаменти шутираше „пенали“, па сакал да продолжи да игра!? (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон синоќа доживеа невиден пех, па ги скина предните вкрстени лигаменти при еден лош доскок во обид да забие во обрачот на финалето во НБА против Торонто, по што канадскиот тим стигна до шампионската титула.

Томпсон после болниот момент, со помош на соиграчи тргна кон соблекувалната, но одеднаш се случи нешто неверојатно. Прво се врати на теренот за да ги изведе двете слободни удари, откако судиите пресудија дека во дуелот со Дени Грин бил фаулиран. Потоа дури и сакал да продолжи да игра за да му помогне на својот тим во обид да останат во финалната серија.

И сликите од збунетоста на Стеф Кари кога Томпсон го изнесуваат од паркетот сѐ говори, а неговото враќање стана хит. После изведените два пенали, истрча кон својот рекет, па на реакција на тренерот Кер и клупските лекари мораше да го напушти теренот.

„Клеј во тој момент ми пријде и ми вели: 'ми требаат само две минути и ќе бидам подготвен да го продолжам мечот'. А, докторот само неколку минути претходно ми рече дека Клеј го завршил своето, дека има повреда на предни вкрстени лигаменти“, објасни Кер.

Томпсон сезонава на 78 меча имаше просек од 21,5 поени, 3,8 скока и 2,4 асистенции, а сега го очекува долга пауза најмалку до февруари или март.