
Тешка повреда на Ирвинг - соиграч му падна на нозете (ВИДЕО)
Во првото полувреме тој беше еден од најдобрите играчи кај Мавс со 11 постигнати поени, но во втората четвртина мораше да го напушти теренот откако Двајт Пауел му падна на нозете. По неколкуминутно укажување помош, Кајри го напушти теренот и не се врати повеќе на него.
Американските медиуми тврдат дека по завршувањето на натпреварот Ирвинг ја напуштил арената на инвалидска количка.