Татко му е од Приштина, а тој има повеќе гласови од Леброн за место на Ол-старот!

Станува збор за Дени Авдија кој игра фантастична сезона во НБА, негова најдобра во кариерата, кошаркарските фанови сакаат него повеќе да го видат на Ол-стар викендот отколку Леброн Џејмс.

Минатата сезона му беше најдобра на Авдија во НБА, во дресот на Портланд имаше просек од 16.9 поени по натпревар, а во досегашниот дел од оваа сезона има 25.3 поени по натпревар, што е фантастичен напредок.

Тој е син на поранешниот репрезентативец на Југославија, Зуфер Авдија кој е роден во Приштина.

Зуфер Авдија најголемиот дел од кариерата го мина играјќи за Црвена звезда, потоа се пресели во Израел каде што се роди Дени Авдија кој сега настапува за репрезентацијата на Израел.

Според бројот на гласови Авдија во овој момент е на седмото место во западната конкуренција, со 70.000 повеќе гласови од Леброн Џејмс кој е на деветата позиција, а зад Израелецот се и ѕвезди како Кевин Дурент, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Девин Букер...