Кари потпиша нов договор од 200 милиони и влезе во историјата на НБА

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Стеф Кари потпиша нов четиригодишен договор со Голден Стејт во висина од 215 милиони долари. 

Со ова тој испиша нова историја во НБА-лигата, бидејќи стана единствениот кој во кариерата потпишал два договори од преку 200 милиони долари. Следната сезона е последна од неговиот претходен договор од 201 милион, според кој за сезоната 2021/2022 ќе заработи плата од 45,8 милиони долари.

Потоа според новиот договор, во сезоната 2022/2023 ќе инкасира 48 милиони долари. Во наредните три години неговите примања ќе се зголемуваат и тоа од 51,9 милиони, па 55,7 милиони, а во последната година ќе заработи 59,6 милиони долари.