Стеф Кари е шутерска машина - во пет минути погоди 103 тројки по ред (ВИДЕО)

Дека Стеф Кари е сигурно најдобриот шутер во светов не само во моментов него во последните 10-15 години доказ е и видеото кое се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како упатува прецизни удари без – промашување.

Бекот на Голден стејт вориорс пет минути погодуваше во серија, а навивачите кои го гледаа видеото избројаа дека погоди 103 шута во низа. Едноставно – шутираше како робот.

Кари е и најдобар тројкаш во историјата на НБА со 3.390 тројки од 7.929 обиди, додека втор на листата е Реј Ален со 2.973/7.429 што е огромна разлика во проценти на успешност.