Србите добија втор главен тренер во НБА, кој веднаш го преслуша – Стеф Кари!

Српската кошарка доби уште еден доказ дека е најдобра надвор од САД, откако ноќеска го доби и вториот главен тренер во НБА, по Игор Кокошков, кој пред неколку години седеше на клупата на Феникс санс.

Станува збор за релативно непознатиот на нашите простори Дарко Рајаковиќ, кој веќе десетина години работи преку Атлантикот и кој во 2012 година стана прв странски тренер во развојната Џи-лига на клупата на Тулса сикстисиксерс. Тој во моментов работи како асистент во Мемфис гризлис, но во дуелот против Голден стејт вориорс (116-108) мораше да ја презеде улогата на прв тренер откако неговиот претпоставен Тејлор Џенкинс е во изолација поради контакт со позитивен на Ковид-19.

Рајаковиќ е 42-годишен стратег, кој по епизодата во Тулса работеше како помошник во Оклахома сити тандерс, Феникс и сега во Мемфис, а во 2019 година беше дел од стручниот штав на репрезентацијата на Србија.