Србинот се превиткуваше од болка: Стравична повреда на Богдан Богдановиќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ, најверојатно се наоѓа пред долг период на опоравување, по сериозната повреда добиена кон средината на втората четвртино во синоќешната пресметка на неговата Атланта хокс против Шарлот хорнетс (105-113).

На поранешниот соиграч на нашиот Перо Антиќ во Фенербахче прво му настрада скочниот зглоб и тоа на бизарен начин, откако сам се сопна при промена на правец додека ја водеше топката, а според американските медиуми работата ја влошува фактот што го повредил и коленото.

Засега нема детали околу тежината на повредата, но сигурно е дека Богдановиќ извесен период ќе биде надвор од теренот.