Србинот Богдановиќ на удар на НБА!

Пропаднатиот, барем засега, договор за трејд помеѓу Сакраменто кингс и Милвоки бакс, може да му донесе големи проблеми на српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ, кој треба(ше) да биде најважната алка во договорот помеѓу овие два клуба.

Причина за тоа е истрагата која ја отвори НБА, со оглед што Србинот има статус на ограничен слободен агент, кој не смее да преговара со други клубови пред почетокот на преодниот рок, кој стартува денеска. Тоа значи дека неговата неофицијална промоција во нов играч на Милвоки, како плод на разговорите помеѓу двата клуба, може да им донесе големи проблеми на сите инволвирани.

„Кралевите“ и „елените“ сега се обидуваат да се оправдаат како би избегнале казна, но НБА останува на ставот дека е потребна истрага, зашто е забрането да се преговара со кошаркарите пред преодниот рок. Официјалниот преоден рок почнува денеска, поради што Милвоки, Сакраменто и Богдановиќ не смееја да имаат досега никакви преговори ниту потпис за идна соработка.