Спектакуларен старт на олстар-викендот, со непосакуван епилог на „чудото од дете“ од Франција (ВИДЕО)

Олстар-викендот во НБА, кој годинава се игра во Индијанаполис, ноќеска го отворија младите таленти на турнирот „Ѕвезда во подем“, а неочекувано најдобар беше тимот на „Роуз“ кој го совлада тимот на „Шремпф“ со 26-13.

МВП трофејот за најдобар кошаркар заврши кај Бенедикт Матурин, член на домашните „пејсерси“. Ова е 73. издание на пресметките на најдобрите во најсилната лига на светот, а на најважниот натпревар му претходат неколку традиционални и сè само не досадни настани. Младите кошаркарите беа поделени во четири екипи, чии тренери беа поранешните кошаркари како Џејлен Роуз, Детлеф Шремпф, Пау Гасол и Тамика Кечингс.

Посебно интересно беше што најголемиот фаворит за епитетот „дебитант“ на годината, Французинот Виктор Вембањама, кој настапуваше за тимот на Пау Гасол, беше елиминиран уште во полуфиналето од тимот на Шремпф со 41-36. Во второто полуфинале, тимот на „Роуз“ го совлада тимот на „Тамика“ со 40-35 и со тоа го обезбеди финалето, а подоцна и победничкиот трофеј. Полуфиналните натпревари се играа до 40 поени, а финалниот до 25. Затоа натпреварите траеја по дваесетина минути, а не беа забележани премногу атрактивни потези.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)

Најголемата забава се очекува за в недела, кога најдобрите ќе излезат на сцената, а претходно вечерва ќе се натпреваруваат во вештини, брзи тројки и атрактивни забивања. Во првото натпреварување ќе учествуваат три тима - тимот на Индијана (Тајрис Халибартон, Бенедикт Матурин, Мајлс Тарнер), тимот „први избори на драфтот во НБА“ (Паоло Банкеро, Ентони Едвардс, Виктор Вембањама) и Ол-стар тимот ( Скоти Барнс, Тајрис Макси, Треј Јанг). Малик Бисли, Бренсон, Халибартон, Лилард, Марканен, Мичел, Таунс и Јанг ќе шутираат тројки, додека Џејлен Браун, Џејми Џекиз Џуниор, Мек Мекланг и Џејкоб Топин ќе се обидат со атрактивни забивања да направат најголемо шоу.

Најголемата промена е воведувањето на дуел за шутирање три поени меѓу најдобриот шутер во НБА и во женската ВНБА лига. Во „престрелката“ ќе се најдат Стеф Кари и ѕвездата на Њујорк Либерти, Сабрина Јоанексу.